ВИДЕО: Напаѓачот од Минхен пука во кого ќе стигне

На Твитер е објавена видеo снимка од моментот кога вооружен маж почнува да пука кон случајните минувачи.

Германската полиција потврдила дека има многу убиени и повредени луѓе во вооружен напад во трговскиот центар „Олимпија“ во Минхен.

Засега нема уапсени, наведува полицијата. Специјални полициски сили се распоредени во и околу трговскиот центар „Олимпија“ во Минхен.

-Пукотницата започнала во ресторан за брза храна и засега е непознато дали нападот го извршило едно лице или неколкумина, изјавил Томас Бауман, портпарол на полицијата во Минхен.

Запрено е движењето на возовите во метрото, трамваите и автобусите.