ВИДЕО: Напаѓачот од Париз ѝ се предал на полицијата

Неколку луѓе беа држени како заложници од непознат напаѓач во пошта во Коломб, северозападно предградие на Париз, јавија француските медиуми. По преговорите, напаѓачот ѝ се предал на полицијата.

Напаѓачот-азилант бил вооружен со пушка калашников, пиштол и голем број гранати, јави француското радио РТЛ. Од две до пет лица биле земени како заложници, велат полициски извори. Инцидентот се случил околу 12 часот.

Откако почнале преговорите со азилантот, се појавија информации дека непознат број заложници биле ослободени и дека напаѓачот на крајот ѝ се предал на полицијата.

Француските медиуми велат дека никој не е повреден во инцидентот.

Заложничката криза најверојатно нема врска со тероризам, велат француските медиуми. Најверојатно станува збор за обид за грабеж на поштата, кој не одел според планот. Грабнувачот од претходно ѝ е познат на полицијата по ситни криминални дела.

 

Извор: МКД.мк

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.