понеделник, 22 мај 2017  |  Вести денес: 35

ВИДЕО: Направете сами бадемово млеко

mleko-badem

Поврзани вести

Еве еден рецепт како да направите сами бадемово млеко. Ова млеко можете да го чувате во фрижидер два дена.

Млекото од бадеми воглавно морате да го направите сами затоа што ретко можете да го најдете во продажба. Иако станува збор за невообичаено млеко, во Средниот век тоа често се наведува во рецептите, со оглед на тоа што кравјото млеко во тоа време не било толку достапно и брзо се расипувало.

Вкусот на бадемовото млеко е благ, а малку е поретко од кравјото и соиното млеко, но затоа има фина арома на свеж марципан. На ист начин како што се подготвува бадемовото млеко можете да подготвувате и млеко од свежи лешници, од свежо семе од сончоглед или од свежи индиски ореви. Млекото од бадеми во фрижидер може да го чувате до два дена.

Рецепт:

Измијте го добро и потопете го сировиот бадем да преноќи или на неколку часа.

Истурете ја водата во која што бил натопен и додадете три чаши чиста вода (изворска или филтрирана).

Деталното упатство погледнете го во приложеното видео:

Најчитани вести