(ВИДЕО) NASA покажа снимка на панорамски поглед од центарот на Млечниот пат

Американската агенција за вселенски истражувања NASA објави на својот интернет портал видео во формат од 360 степени, кој овозможува „прошетка“ низ центарот на Млечниот пат.

Проектот во кој се искористени податоци добиени од вселенската рентгенска лабораторија „Чандра“ и друг телескопи, му овозможува на набљудувачот самостојно да ги испитува гигантските ѕвезди и спуермасивната црна дупка во центарт на нашата Галактика.

Како што пишува вселенската агенција, човештвото не е физички способно да стаса до центарот на Млечниот пат, и научниците овој регион од Вселената го проучуваат благодарејќи на моќните телескопи, способни да ги апсорбираат како видливата дел од светлина, така и рентгенските и инфрацрвените зрачења.