Видео: НАСА снимила НЛО како ја напушта Земјата

На снимката, која е повремено перкинувана од технички причини, се гледа како мистериозен сив објект излегува од земјата.

Видео снимка на неидентификуван летечки објект (НЛО), како што сметаат оние кои веруваат во посети од вонземјанци, сосема случајно е направен за време на пренос во живо од Меѓународна вселенска станица на 15 јануари годинава.

Снимката е направена со ХД камера монтирана странично на вселенската станица. Камерата беше дел од експериментот на НАСА кој го проучува праќањето ХД снимки од Вселената.