ВИДЕО: Нашминкајте ги усните како Брижит Бардо

Француската актерка Брижит Бардо ќе остане запаметена како безвременска убавица со преубава руса коса, мачешки поглед и усни со нежна розева боја. Токму нејзините усни биле инспирација за голем број Французинки да изнајдат трик како да ги зголемат усните.

Еве како да ги нашминкате усните како Брижит Бардо:

  1. Секогаш водете сметка моливот за усни да одговара на вашата природна боја на усните, односно на бојата на карминот што планирате да го нанесете за да постигнете природен изглед;
  2. Нанесете молив за усни од надворешниот агол кон внатрешноста и тоа малку над работ на усните за визуелно да го зголемите нивниот волумен.
  3. Французинките се познати по децентниот стил и суптилната шминка. Немојте да претерувате со исцртување на лакот на усните, затоа што нема да бидете задоволни од конечниот резултат.

Сепак, треба да имате на ум, дека поголемиот дел од нас имаат асиметрични усни, па „порамнувањето“ е сосема дозволено.

  1. Пополнете ги рабовите со кармин, но со помош на четкичка. Ако имате проблем со изцртувањето рамни линии, насмевнете се. НАсмевката ќе ги истегне вашите усни и ќе ви ја олесни работата.

Во видео туторијалот на шминкерката Шарлот Тилбури откријте како можете да имате поисполнети усни како Брижит Бардо…