ВИДЕО: Наставник нападна ученичка бидејќи не сакала да влезе во базен

Наставник по физичко образование во едно средно училиште во Калифорнија, физички  нападнал и повредил 14-годишното девојче кое не сакало да плива во базен. Имено, девојчето одбило да влезе во базенот за да не си ја уништи фризурата, пренесува Дејли Мејл.

Тоа толку многу го разлутило професорот Дени Петерсон, кој со примена на сила се обидел да ја одвлече до базенот. Девојчето силно се опирало, а шокантното видео од целата случка го снимил еден од учениците.

Родителите на девојчето се во шок, кои изјавиле дека им е тешко да гледаат како возрасен човек, кој би требало да биде пример за децата, се однесувал кон девојче од 14 години.

– Повеќе пати му рекла: „Ќе ми падне костимот за капење’. Не значи не, и требало веднаш да престане, а ова траело минута и пол, две минути, а тој буквално ја влечел од скалите, изјавил Гилбер Сомера, адвокатот на семејството од ова девојче и додал дека не може да верува дека еден маж можел ова да и го направи на 14-годишно девојче.

Против наставникот е подигната пријава за нанесување на телесни повреди, а самиот одлучил да даде отказ во средното училиште.