Магазин

ВИДЕО: Научници „телепатски“ поврзале два мозоци

ВИДЕО: Научници „телепатски“ поврзале два мозоци

До сега телепатијата беше само тема на научната фантастика, но научниците откриле начин да воспостават директна комуникација меѓу два мозоци.

Како што ренесува Хафингтон пост, во почетните експерименти научниците пред една година успеале да испратат сигнали од мозок преку Интернет и на тој начин да ги контролираат движењата на раката на другиот научник.

Тие во подоцнежната фаза успеале да испратат сигнали од мозокот преку Интернет и да ги употребат за движења на раката на друго лице во дел од секунда, а експериментот успеал неколку пати.

Студијата тестирала три пара учесници, од кои во секој имало по еден испраќач и примач на сигнали и кои седеле во различни згради на кампус во Вашингтон, оддалечени околу два километри.

Тие не можеле меѓусебно да комуницираат, освен преку директната врска меѓу нивните мозоци.

Имено, во експериментот„ Испраќачот“ е поврзан за машина за електроенцефалографија, која ја исчитува активноста на мозокот и испраќа електрични импулси преку Интернет до „примачот“. Тој на главата има калем за транскранијална магнетна стимулација, во близина на делот на мозокот кој ги контролира движењата на рацете.

Со оваа технологија, испраќачот можел да ја придвижи раката на примачот, само мислејќи на движење на раката.

Точноста на примените сигнали варирала од 25 до 83% меѓу двојките, додека грешки имало првенствено поради неможноста примачот „точно да ја изврши“ командата.

Тимот добил средства во износ од осум милиони долари, за да може да продолжи со истражувањата во полето на декодирање и испраќање на уште посложени мозочни процеси, проширувајќи го типот информации кои можат да се испраќаат од еден до друг мозок.

Научниците се убедени дека еден ден оваа технологија ќе може практично да се применува во терапии на луѓе со мозочни повреди и нарушувања.