(ВИДЕО) Научниците предлагаат лекување на ракот со помош на сперматозоиди

Германските научници утврдиле техника на користење сперматозоиди за лекување на ракот, а резултатите од нивното истражување беа објавени на почетокот од годинава во научното списание ACS Nano.

Соработниците на Институтот за физика на цврсти тела „Лајбиниц“ во источногерманскиот град Дрезден извеле експеримент во текот на кој сперматозоидите биле насочувани како и препаратот против туморот (доксорубицин) за зафатените ткива на матка. Гаметите биле прикачени на ѕидовите од туморот и биле заситувани со антибиотик. Како резултат на тоа, околу 87 отсто од малигните клетки биле уништени во рок од три дена.

Препаратот доксорубицин е широко користен при хемотерапијата. Заедно со штетните ткива, препаратот, исто така, ги уништува и здравите клетки, што предизвикува бројни несакани ефекти, вклучително и гадење. Поради тоа, количеството постапки за хемотерапија е строго ограничено. Прецизното насочување на препаратот со помош на сперматозоидите би помогнала да се избегнат негативните последици при неговото користење, сметаат стручњаците.