ВИДЕО: „Нема да се смирам додека не ја најдам ќерка ми Тијана“

Петнаесетгодишната Тјана Јуриќ пред два дена исчезна на Бајмок, во близина на српско – унгарската граница.

Нејзините роднини и пријатели, како и полицијата, деноноќно го бараат девојчето.

Тијана тргнала да си оди дома заедно со другарки, но на половина пат се сетила дека не му го вратила дуксерот на другарот кој и го позајмил и се вратила назад сама. Му се јавила на другарот кој веднаш излегол да ја пречека.

Чекал но Тијана ја немало. Звонел, но не се јавувала и веднаш ги алармирал другарите кои тргнале да ја пресретнат по патот. Но од девојчето ниту трага. Веднаш ја информирале и полицијата и за почнала потрага. Исцрпен бил и канал полн со вода крај патот во случај Тојана да не паднала – но каналот бил празен.

Едно момче, пријател на Тијана, за српски Курир вели дека ја пронашле патиката на Тијана, покрај која имало и нокт.

Како што велат нејзините блиски, таа немала никаква причина доброволно да исчезне, односно да избега од дома.

Локалните жители панично трагаат по девојчето и до последен момент не губат надеж дека ќе ја пронајдат жива.Некои се сомневаат дека е во Унгарија бидејќи границата е близу. А според некои информации алармирана била и тамошната полиција која трага и на нивната страна.

Нејзиниот татко очаен ги моли сите граќани да се јават со информации и да им помогнат да си го најдат детето.