ВИДЕО: Неможете да го успиете бебето – Повикајте ги ирските навивачи!

Да се биде родител најверојатно е најголемата радост во животот, но не секодаш е едноставно да се води сметка за детето.

Проблемите со спиењето и со исцрпеноста се редовни, грижата се да биде како што треба, а мал број родители добиваат помош каква што имаше овој брачен пар во метрото во Бордо.

Групата навивачи од Ирска пееше познати песни за заспивање на бебето со намера да гоуспијат, па на репертоарот беа песните „Twinkle, Twinkle, Little Star“ и „Hush, Little Baby“.

Зелените уште еднаш покажаа вистински начин на навивање и ги освоија срцата на љубителите на фудбалот низ целиот свет. Погледнете го видеото: