(ВИДЕО) Ненадеен скок на алигатор на туристички чун

Несекојдневен инцидент се одиграл во американската сојузна држава Флорида кога алигатор вознемирен од туристите скокнал на нивниот чун, а еден од похрабрите патници настанот го снимил со мобилен телефон.

Малиот моторен чун се заглавил во калта на бреговите на реката, само неколку метри од местото на коешто се одморал алигатор. Еден од туристите, Тејлор Хиндери, го снимал предаторот со својот паметен телефон, а потоа снимката ја објави на YouTube.

Во заднината може да се слушне глас, најверојатно на сопственикот на чунот, кој продолжува да се шегува, велејќи им на сопатниците дека сега може и да го погалат по грбот големиот влекач.

Ненадејно алигаторот ја прекинува почивката и во еден скок се наоѓа на чамецот. Луѓето веднаш се повлекуваат, а моќното животно минува по должината на пловилото и, стиснувајќи се меѓу оградата, скокнува во водата од другата страна. Според локалните медиуми во инцидентот никој не настрадал.

https://www.youtube.com/watch?v=Db6MOgfoJJU