ВИДЕО: Несреќа при изведување акробатска точка

Девет акробати се тешко повредени откако се случила несреќа при изведувањето на акробатската точка во американската сојузна држава Род Ајленд.

Акробатите се вон животна опасност, а меѓу нив има и една Бугарка.

Жените акробати биле врзани за косите  и требало да ја изведат точката жив лустер , кога платформата паднала.

Oчевидците во публиката биле убедени дека паѓањето е дел од настапот на акробатките.

Се води истрага за причината за несреќата.