ВИДЕО: Неуспешен атентат ја растресе српската јавност

Една од главните теми во српските медиуми во изминатите неколку часа е обидот за убиство на познат српски бизнисмен кон кого биле испукани најмалку 5 куршуми.

Со секој изминат час во српските медиуми се појавуваат нови информации во врска со убиството на Милан Беко, познат српски бизнисмен кој за среќа, успеал да го преживее атентатот.

Според информациите на српски Курир, на местото на инцидентот биле пронајдени доволно траги врз основа на кои ќе може да се дојде до повеќе докази кои што ќе го разоткријат сторителот на атентатот.

Првичните сознанија покажуваат дека кон бизнисменот Беко биле испукани околу 5 или 6 куршуми, кон неговиот автомобил Мерцедес С класа, пред неговата куќа во Сењак. Три куршуми завршиле директно во телото на бизнисменот, а полицијата верува дека во нападот учествувале најмалку двајца напаѓачи.

Споменатиот српски магазин пренесува дека Беко веднаш бил довезен во болницата во бесознание, од страна на неговиот личен возач и тој веќе се разбудил од операцијата. Пред болницата биле присутни огромен број на пријатели и членови на семејството на Беко, како и неколку познати личности од српската јавност.

Инцидентот се случил синоќа, околу 17 часот, кога напаѓачот, облечен со сина јакна и црн блузон, дочекал Милан Беко да се врати во својот дом за да може да го изведе атентатот. Според сознанијата на магазинот, возачот успеал да го види лицето на напаѓачот.

Полицијата најавила дека ќе ги прегледа сите снимки од безбедносните камери поставени околу домот на бизнисменот, пред се затоа што се претпоставува дека напаѓачот веќе подолго време го следел бизнисменот и добро ги познавал неговите дневни навики.

Милан Беко во српската јавност е најпрепознатлив како автор на Законот за приватизација, кој важел до 2001 година. На изборите во 2000 година бил независен кандидат за пратеник, а во истиот период учествувал и во неколку поголеми приватизации – купувањето на најголемите српски млекари, компанијата “Knjaz Miloš”, карго центарот “Lukа Beograd”, како и приватизацијата на везникот “Večernjih novosti”. Тој е татко на четири деца.