Свет

ВИДЕО: Неверојатна ерупција на Етна го осветли небото

ВИДЕО: Неверојатна ерупција на Етна го осветли небото

Највисокиот активен вулкан во Европа пред два дена еруптираше со најголемата ерупција во последните месеци. Големите експлозии го осветлиле небото пред избивањето на лавата, пишува британски Дејли Меил.

При ерупцијата вулканот Етна исфрлил огромни облаци од пепел што било причина за затворање на аеродромот во Сицилија и откажување на 26 летови. Се уште нема најава за евакуација на населението што живее на подножјето на планината.