ВИДЕО: Невреме ја погоди Германија

Прекин во сообраќајот, откажани летови, неколку лица повредени во страшното невреме што ја погоди Германија.

По топлотниот бран, температурата падна за десетина степени, што доведе до силно невреме во речиси цела западна Европа. Освен во Франција , невремето направи пустош и во Германија.

Сообраќајот со часови бил парализиран поради паднати дрвја на патиштата, а во невремето се повредени неколку лица. Во прекин беше и железничкиот сообраќај и тоа правите Хамбург – Берлин и Хамбург – Келн.

Синоќа поради невремето на половина час беше затворен и најголемиот аеродром , оној во Франкфурт а биле откажани 150 летови. Три лица се повредени во гратче покрај Франкфурт кога силен ветар ги откорнал ролетните во кафулето каде што седеле.