Магазин

ВИДЕО: Ни пристигнуваат „проѕирни“ автомобили

ВИДЕО: Ни пристигнуваат „проѕирни“ автомобили

Ленд Ровер го претстави системот кој му овозможува на возачот со помош на камера инсталирана под маската на ладилникот практично да го гледа својот пат низ хаубата.

Премиерата на оваа идеја е закажана за претстојниот авто-салон во Њујорк.

Според зборовите на луѓето од компанијата Ленд Ровер, системот ќе му овозможи на возачот да ги види деталите на патот под хаубата и пред возилото.

Како што е прикажано на промотивното видео, ова е навистина корисно за време на теренското возење.

„Хед- ап“ дисплејот и камерата се поставени така што ќе го снимаат теренот под и пред предниот дел на автомобилот.

Сликата во реално време се проектира на внатрешноста на ветробранското стакло, со што се создава илузија дека предниот дел од возилото е проѕирен.