ВИДЕО: Никој не знае што ја претвори ноќта во ден за само 11 секунди

Мистериозното осветлување на небото на Русија ги разгори сомневањата кај луѓето, откако властите одбиле да коментираат која е причината за оваа необјаснива појава.

Имено, веќе неколку дена луѓето во Русија се запрашуваат од каде потекнува мистериозната светлина која што на 14 ноември годинава ја претворила руската ноќ во ден за само 11 секунди.

Откако Владата одбила да даде свое објаснување за оваа појава, теоретичарите на завери ги донеле своите заклучоци дека, или станува збор за ракетна експлозија, или пак за појава на НЛО.

Необичната појава била забележана над небото на Екатеринбург и траела само 11 секунди. Она што дополнително го обвива настанот со превезот на мистерија е и фактот дека целата појава не била придружена со некаков звук, пишува ”Daily Mail”.

Еден од сведоците, во разговорот со репортерите на магазинот ”Siberian Times” изјавил: “За неколку секунди ноќта се претвори во блескав ден, а потоа се повторно се стемни. Вечерта за миг си замина, по појавувањето на блескавата портокалово-жолта светлина, која го зафати целото небо”.

Неверојатната снимка била направена од камера поставена на еден од автомобилите кои што се движеле кон Екатеринбуг. Според досегашните теории, причината за експлозијата била или ракетен предмет или предмет од вселената.

rusija2

Како што можело и да се очекува, бројни се и теориите дека станува збор за појава предизвикана од НЛО.

Возачот кој ја снимил оваа појава побарал од останатите интернет корисници да му помогнат околу откривањето на причината за оваа појава, откако тој не успеал да дознае ништо од вестите.

Доказ дека не станува збор за монтажа е и податокот дека и неколку ученици од Екатеринбуг ја снимиле истата мистериозна појава со своите мобилни телефони.

Според регионалните руски телевизии, ниту метеоролозите, ниту научниците немаат објаснување за овој чуден феномен. Од локалната опсерваторија било соопштено дека во текот на денот кога е снимена светлината, кај нив не била забележана никаква чудна појава, а од канцеларијата на Министерството за вонредни состојби одбиле да го коментираат целиот настан.