ВИДЕО: Никој не знае за ужасот низ кој минуваат Романците, во сенка на демонстрациите во Украина

Малку е чудно што вниманието на сите светски медиуми е вперено кон демонстрациите во Украина, и желбата на граѓаните што поскоро да станат дел од Европската унија, а речиси никој не го споменува ужасот, кој се случува на еден чекор од Украина, во Романија.

Илјадници Романци протестираат и гласно го креваат својот глас против истражувањата на американската нафтена компанија „Шеврон“ во местото Пунгешци. Луѓето стравуваат за своите животи и средината во која живеат поради процесот на истражување за експлоатација на нафта.

Методот со хидраулично разбивање, кој ќе се користи во ова место, бил забранет во Франција поради неговото штетно влијание.

Тагата на овие сиромашните луѓе е неизмерна, бидејќи нивното единствено богатство е нивната земја, а американскиот гигант најави дека не постојат пари на светот за кои ќе може да ги запре истражувањата за пронаоѓање на нафта во таа земја.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.