Магазин

ВИДЕО: НЛО забележано над Струмица?!

ВИДЕО: НЛО забележано над Струмица?!

Вчеравечер околу 21 часот во Струмица забележан е непознат летачки објект. Објектот е забележан над центарот на градот, а видеата кои ги добивме беа снимени од малиот градски парк, објави порталот Струмица денес.

Според очевидци кој до ,,Струмица Денес” испратија видеа непознатиот летачки објект се движел од југ кон север, со осцилирачка патека на движење на моменти напред брзо, бавно назад. Летачкиот објект ги менувал боите од зеленикаво кон жолто. По неколку секунди НЛО со нагло движење исчезнал. Дел од очевиците со кој разговаравме ја отфрлаат можносто дека станува збор за ,,летечки фенер” пуштен од земја.

-Видеата кои ги добивме се со слаб квалитет, издвоивме едно на кое се гледа НЛО објектот, а очекуваме видео на кое појасно се гледа неговото движење, објави локалниот портал.