ВИДЕО: Нокаутиран лидерот на ултрадесничарската Атака во Бугарија

Лидерот на ултра десничарската бугарска партија „Атака“, Волен Сидеров беше нападнат со тупаници од Камен Попов, бугарски бинзисмен и кандидат на „Бугарскиот национален сојуз“ на последните избори.

Тепачката се случила за време на масовниот студентски протест насочен против лидерот на Атака, изреволтирани од неговите дејствија за време на предизборната ноќ.

Студентите бараат на Сидеров да му биде одземен пратеничкиот имунитет.

Попов, кој буквално го нокаутира Сидеров, себеси се опишува како патриот и вели дека треба да се прави разлика меѓу патриотите и националистите.

На прашањата од страна на медиумите околу тепачката тој рекол дека само „случајно“ го сретнал лидерот на „Атака“ додека се движел по улица.