ВИДЕО: Ноќните авантури на едно бебе

Родителите добро знаат дека да се успие едно бебе не е ниту најмалку лесна задача. Па кога конечно ќе успеат во тоа, многумина очекуваат барем неколку часа тишина и мирен сон.

Но, тоа очигледно и не е секогаш така. Токму затоа Сара Силверстеин посака да провери зошто нејзиното бебе е секогаш во поинаква позиција од онаа во која спиело кога таа претходно го проверила.

Таа го снимаше своето бебе во текот на шест часа. Сара била и повеќе од изненадена поради фактот дека нејзиното бебе се превртувало навистина многу често.

Во овој видео запис од 26 секунди може да видите всушност колку сите бебиња се немирни додека спијат. Што значи дека изразот, “мирно спие како бебе”, очигледно и не може да се каже дека е вистинит!