(ВИДЕО) Нов рекетар на СДСМ во акција за одбрана на „демократијата“

Нов рекетар на СДСМ во акција за одбрана на „демократијата“

Нов рекетар и платеник на СДСМ денеска упадна за да ја попречи изјавата на советниците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица, објави „Курир“.

Според информациите, станува збор за извесна Катерина Бабулова, член на Клубот на жени на СДСМ во Струмица, испратена од Заев за да го попречи правото на изјава на струмичките советници.

Од фотографиите може да се види дека Бабулова е блиска до Заев и нивен активен член. Со ова СДСМ прави брутално загрозување на демократијата и ускратување на слободата и правото слободно да се изрази сопственото мислење.

babulova-1

СДСМ иако само формално се бори за демократија, таа е првата која на диктаторски начин ја загрозува истата. Аналитичарите коментираат дека смената на тактиката на СДСМ и директните упади на настани претставува израз на тешка фрустрација и прогласување на капитулација на сите досегашни напори на друг начин да се привлече вниманието.

babulova-3

Според нив, СДСМ во последната фаза од својот очај демонстрира и медиумски бес, исфрлајќи на површина како свои бранители крајно растроени личности кои за пари и медиумско внимание ќе направат се’. Нервозата во опозицискиот блок кулминираше со последната анкета на Американскиот републикански институт (ИРИ), која покажува дека СДСМ нема поддршка од мнозинството граѓани, односно ВМРО-ДПМНЕ има повеќе од двојна предност пред опозициската партија.

babulova-4

Општата деструкција и сеењето на омраза, па дури и по цена цела партија и држава да се бламира со личности како Политико, Кешкец, Бабулова и некои други маргиналци, е последната карта на која ќе игра СДСМ.