четврток, 8 декември 2016  |  Вести денес: 0

ВИДЕО: Нов Зеланд погоден од серија земјотреси

Шест земјотреси се регистрирани во последните неколку часа во Нов Зеланд. Тлото не мирува, а според информациите од Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар најсилниот земјотрес бил со јачина од 5,4 степени во Рихтер, додека сите останати се со јачина од над 4,5 степени.

109297944

Поврзани вести

Засега нема информации за жртви. Најсилниот земјотрес бил на длабочина од 10 километри, со епицентар на 200 километри од главниот град Велингтон.

Според сеизмолозите најверојатно се работи за афтершокови по силниот земјотрес од 7,8 степени кој го погоди Нов Зеланд минатата недела кога загинаа 2 лица, а причинета беше голема материјална штета.

Најчитани вести