ВИДЕО: Нова ерупција на вулканот Калбуко во Чиле

ВулканотКалбуко во Чиле повторно започна со ерупции – голема количина на пепел, чад и камења се исфрлени во воздухот на височина од речиси четири километри.

Новата ерупција ја принуди локалната власт повторно да нареди евакуација на жителите од овој регион.

Локалните власти прогласија црвено ниво на опасност  и наложија да се евакуира населението во радиус од 20 километри околу вулканот.