Видео: Нова тепачка во украинскиот парламент

По неколку мирни денови во украинското Собрание повторно изби масовна тепачка, во која учествувал и лидерот на доброволниот баталјон „Ајдар“.

Инцидентот се случил кога Сергеј Мељничук жестоко се спротивставил на претседателот на Радикалната партија, Олег Љашки, на која и самиот припаѓа, па за кратко време од дијалог со зборови преминале на „дијалог“ со тупаници и тегнење.

Немирите продолжиле и во ходникот на Врховна рада, кој неодамна беше место за физичка пресметка помеѓу двајца пратеници.

За потсетување припадниците на батаљонот „Ајдар“ на почеток на февруари протестираа пред зградата на Министерството за одбрана во Киев, барајќи да се суспендира одлуката за ставање крај на работата на оваа единица. Нивното барање набргу беше прифатено.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.