ВИДЕО: Новинар и пее „Среќен роденден“ на Меркел

Една од водечките личности на меѓународната политичка сцена, германската канцеларка Ангела Меркел денеска го слави 60-от роденден.

Сакајќи да и’ го честита роденденот, новинарот на германската телевизија ЗДФ во тек на конференција за новинари во Брисел, станал и започнал да ја пее традиционалната роденденска песна

„Пред да поставам прашање, а мислам дека зборувам во име на сите присутни, сакам да ви посакам се најубаво за роденденот“, -рекол новинарот и почнал да пее. Неговите колеги не му се придружиле, па затоа сам ја испеал песната.

„Требаше да пеам со вас, подобро ќе беше“, му кажала Меркел, пред да му се заблагодари.