ВИДЕО: Новинар прегазен од автомобил додека известувал во живо

Мексиканскиот новинар Дејвид Медерано Мора известувал во живо за Фокс Спорт во Мексико кога бил прегазен од автомобил што се појавил од никаде.

Како што можете да видите на почетокот на видео снимката двата екрани се поделени помеѓу водителот во студиото и новинарот, а ако слушате внимателно можете да слушнете некого со свирење како вели „извинете“ една секунда пред новинарот да биде прегазен од автомобил.

Потоа автомобилот полека се враќа во рикверц, а за тоа време водителот во студиото се обидува да го сврти вниманието на гледачите.  За среќа новинарот не е повреден за време на ова снимање.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.