Магазин

ВИДЕО: Новинар ги соблече чизмите и ги даде на загрозените!

ВИДЕО: Новинар ги соблече чизмите и ги даде на загрозените!

Додека известувал од Добој новинар ги соблекол чизмите и им ги дал на граѓаните кои се справуваат со тешките последици од поплавите.

Игор Пижгај во еден момент ги запрашал луѓето што им е најпотребно за да им биде донесено.

Речиси сите барале храна, вода, средства за хигиена, но еден човек одговорил дека му се потребни чизмите кои новинарот ги носи на себе.

„Чизмите кои ги носите добро би ми дошле, да не одам со најлонски кеси, ти дена сум во вода“, рекол човекот.

„Ви требаат моите чизми“, рекол новинарот , го тргнал микрофонот, седнал на столица, ги извадил гумените чизми и му ги дал на човекот. Човеот останал вчудоневиден и се заблагодарил за овој несебчен гест.