ВИДЕО: Новинари од САД имаат докази дека на Косово биле вадени органи

Американски новинари имаат докази дека на Србите на Косово им биле вадени органите.

Мајкл Монтгомери и Стивен Смит допатувале на Косово во 1999 година за да ја истражат тамошната повоена ситуација. Нивното истражување довело до докази кои укажуваат на поврзаноста меѓу Ослободителната војска на Косово (ОВК) и криминалните банди вклучени во шверцот на органи.

Мајкл раскажал дека тој и неговиот колега пристигнале на Косово непосредно по војната и додал дека тие се фокусирале на селото во кое српските паравоени сили извршиле ужасен масакр.

Еден месец по војната сепак на злосторствата не им дошол крајот. Кога српската армија била протерана од страна на НАТО, а етничките Албанци се вратиле на Косово, воените злосторства продолжиле, но сега над Србите.

На Косово тогаш се слчувале мистериозни исчезнувања на Србите кои биле киднапирани, а потоа транспортирани во Албанија. Таму ги дочекале лекарите кои вршеле лекарски преглед, а некои од киднапираните лица по лекарскиот преглед како избраници и ги носеле на друга локација, ги убивале, а нивните органи ги продавале на црниот пазар.

Според тврдењата на американските новинари, сите сомнителни докази дека во одредена албанска куќа се случувале операции на вадење органи биле подоцна уништени. Монтгомери и Смит веруваат дека некои од високите членови на косовската армија биле поврзани со криминални организации кои тргуваат со човечки органи.