ВИДЕО: Објавена снимката од кобниот момент во кој “Џими” го загуби животот

Шпанскиот “Ел Паис” го објави видеото од инцидентот кој го згрози фудбалскиот аудиториум во Шпанија и ширум светот.

На видеото јасно се гледа моментот кога навивачот на Депортиво Ла Коруња, кој во Шпанија е познат под прекарот “Џими”, е фрлен во реката. Навивачот нешто подоцна е изваден од водата, но кога бил донесен во болница веќе имал клиничка смрт. По неуспешните обиди за реанимација, докторите во 14:30 констатирале смрт.

Ова е втор ваков инцидент во кој навивач го загуби животот, откако пред една седмица во Истанбул, Србинот Марко Ивковиќ беше убиен од навивач на Галатасарај, во тепачка која му претходеше на кошаркарскиот натпревар помеѓу Галатасарај и Црвена Звезда.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.