Видео: Објавена снимката од убиството на кик-боксерот Косаќ

На Јутјуб се објавена снимка од убиството на црногорскиот кикбоксер Јован Косаќ, кој беше убиен на 14-ти септември годинава.

На снимката се гледа како неколку лица влегуваат во дискотеката „Каза“, која се наоѓа на плажата Игало во Црна Гора, кои го напаѓаат кикбоксерот Косаќ.

Тој седел веднаш до вратата бидејќи работел како обезбедување, а откако физички се пресметале со него, Драгое Боашиќ пукал во грбот на кикбоксерот.

Полицијата се уште не го расветлила убиството, ниту се познати причините за овој трагичен настан, а само е познато дека убиецот Боашиќ е уапсен во саботата криејќи се во една шума.