Видео: Облакодер изграден за 19 дена

Кинезите навистина градат облакодери како да склопуваат „лего“ коцки. Кинеската компанија “Broad Group” буквално од темел до врв изградила облакодер од 57 ката за само 19 дена.

Градбата која зафаќа површина од 180.000 квадратни метри е потполно енергетски ефикасна и е изградена по сите светски стандарди.

Зградата има 19 специфични тавани високи по 19 метри, 800 апартмани како и канцелариски простории за 4.000 вработени.

Она што е интересно со споредбата со „лего“ коцките е што зградата направена од модул, така што сите сегменти се направени порано, па потоа донесени и склопени на градилиште.

Компанијата објави дека освен што е овозможена брза градба е и заштедено на околу 15.000 мешалки за бетон.