сабота, 26 ноември 2016  |  Вести денес: 0

ВИДЕО: Оцет во казанчето за вода – Трик што ќе ви го олесни животот

За чистењето на вашиот дом може да ви помогнат и природните еколошки средства што не и’ штетат на кожата.

ocet

Поврзани вести

За чистењето на вашиот дом може да ви помогнат и природните еколошки средства што не и’ штетат на кожата.

Наместо да користите штетни хемикалии за чистење на тоалетот, искористите ги природните производи што ги имате во вашиот дом.

На пример, од три кесички црн чај и чаша вода можете да направите ефикасно средство за чистење на огледала или стакла. Ставете го чајот во шишенце со распрскувач, а наместо крпа можете да користите стари весници. Постапката можете да ја повторите два пати.

Никој не сака да ја риба кадата или туш кабината, но и тоа мора да се прави. За да си ја олесните работата, направете мешавина од половина мера дестилиран оцет и половина мера детергент или сличен производ. Брзо и едноставно ќе се решите од упорните дамки и мувлата.

Ако сакате да ги отстраните дамките од вода на славината само протриете ги со лимон. Киселината во лимонот ќе ги разбие исушените дамки од водара и притоа нема да и наштетите на кожата на вашите раце. Доколку се во прашање поголеми дамки замотајте ја славината со крпа и натопете ја со дестилиран оцет, па оставете да отстои 30 минути. За најупорните дамки на недостапните места можете да користите стара четкичка за заби.

Следниот пат кога ќе ја чистите вц школката ќе употребите оцет. Тоа е наједноставно еколошко решение што ги убива бактериите и мувлата. Прво во казанчето ставете оцет, а потоа со распрскувач нанесете на даската од тоалетната школка. На крајот натопете тоалет хартија со оцет и ставете ја на работ на шолјата на неколку минути.

Најчитани вести