Магазин

ВИДЕО: Очајничката борба на мачката да го оживее пријателот го расплака светот!

ВИДЕО: Очајничката борба на мачката да го оживее пријателот го расплака светот!

Дали станува збор за вродено чувство за припадност кон чопорот или едноставно за безгранична љубов која што животните ја негуваат кон луѓето и другите животни, неможеме да кажеме, но овој настан потресе многумина, а успеа да ги скрши дури и најкамените срца!

Се вели дека мачките се себични и лицемерни, но ова видео кое настана случајно на улиците во Турција го покажува сосема спротивното.

Случаен минувач го забележал најтажното животно на светот, мачорот кој неможе да се помири со смртта на својата најдобра пријателка.

Додека црната мачка безживотно лежела на асфалтот, нејзиниот пријател дал се од себе за да не ја изгуби, па на начин карактеристичен за него, се обидел да ја оживее газејќи ја со шепите во пределот на срцето и долниот дел на телото.

Овој процес на оживување траел цели два часа. Случајните минувачи кои неможеле да поднесат да ја гледаат оваа очајна глетка ги повикале надлежните служби за да ја тргнат умрената мачка.