ВИДЕО: Од стомакот на скопјанка извадени 50 литри вода

Пет часа докторите на клиниката за гинекологија ја оперирале 40 годишната жена.

Доктор Игор Алулоски за неговите 15 години работа, но и во разговор со постарите колеги не видел ваков случај, пренесува Канал 5.

Жената била со лесна ментална ретардација и со години одбивала да дојде на лекар. Станува збор за запуштен случај, кој со години не се лечел.

-За овој случај, интервенирала дури и полицијата, и итно била донесена во болница. Инаку жената мислела дека е трудна, таа изгубила еден јајник пред неколку години и од страв да не го изгуби и овој не доаѓала. Растел стомакот, не добивала циклус и верувал дека е трудна, вели за Канал 5.

Целиот тим на доктори, колеги од абдоменална хирургија сите анестезиолози, се бореле жената да се спаси.

-Мораше да се исече 30 сантиметри до дебелото црево, сите органи беа нагмечени. Болничарите не може да постигнат да ја изнесат водата ја испразнивме од стомакот, објасни д-р. Игор Алулоски клиника за гинекологија и акушерство, пренесе телевизијата.

Повеќе детали во видеото во продолжение.