Видео од тешката сообраќајка на автопатот Куманово-Табановце

Eдна 65-годишна жена е тешко повредена денеска на автопатот Куманово-Табановце кога автомобилот марка „Mерцедес“ со кумановски регистарски ознаки во кој била сопатник, излетал од патот за да избегне судир со куче на патот, информираа од СВР Куманово.

Со автомобилот, како што се наведува, управувал 43 годишниот Б.М., кој се здобил со телесни повреди.

Увидот што го изврши полицијата ќе ги покаже причините за незгодата.

ВИДЕО: Кумановски муабети

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.