Видео: Од ветер откорната фасада во Сплит

Силните ветрови, проследени со брзина од 100 километри на час успеаа да урнат цела една фасада од зграда во Сплит, Хрватска.

Како што пренесуваат регионалните медиуми, големото невреме проследено со ветрови на некои места и со брзина до 155 километри на час, предизвикало општ хаос во населените места а особено во сообраќајот, а една од најстрашните сцени се случила во Сплит, кога силните ветрови ја урнаа целата фасада не една зграда.