ВИДЕО: Одгатнете ја мистеријата на небото над Хјустон!

Социјалните мрежи се преплавени со фотографии од неидентификуван летечки објект кој во понеделникот наводно кружел над тексашкиот велеград Хјустон.

На фотографиите направени длабоко во ноќта, додека низ градот дивеело силно невреме, навистина се гледа необичен овален објект како лебди. На рабовите на објектот има симетрично поставено осветлување.

Американските медиуми ја пренесоа приказната, но засега никој не произлегол со објаснување за феноменот.

b

„Најлесно е да се каже дека се вонземјани“, рекла Керолин Самерс од Музејот за природни науки во Хјустон, која е и експерт во областа на астрономијата.

„Можеби објаснување е силното невреме, но ако станува збор за вистински објект, како што и изгледа, тогаш ни требаат повеќе сведоци за врз основа на различни искази да можеме да сфатиме за што се работи, каде точно се појавил и дали постои некое објаснување“, додала таа.