ВИДЕО: Огнена топка на небото над Швајцарија

Повеќе сведоци тврдат дека во неделата виделе зелено-бела топка на небото над Швајцарија за која се претпоставува дека е метеорит.

На социјалните мрежи се појавија повеќе аматерски снимки, а некои од сведоците тврдат и дека слушнале неколку силни експлозии.

Огнената топка се ојавила на небото над Швајцарија околу 20.50 часот по локално време, а била забележана и во Австрија и во јужните делови на Германија.

Иако, мошне е ретко се случува вселенски објекти да предизвикаат директна штета на земјата, експлозиите од метеори всушност може да имаат разорни дејствија. Само за потсетување, градот Чељабинск во Русија во 2013 беше погоден од дожд од метеори при што беа искршени илјадници прозорци и беа оштетени повеќе градби. Стотици луѓе претпреа полесни телесни повреди.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.