понеделник, 26 декември 2016  |  Вести денес: 0

ВИДЕО: Огромна дупка се отвори пред Парламентот во Канада

Властите во главниот град на Канада, Отава мораа да евакуираат трговски центар и неколку околни згради на само 500 метри од Парламентот откако се отвори огромна дупка во земјата.

dupka-otava-1

Последни вести

Властите во главниот град на Канада, Отава мораа да евакуираат трговски центар и неколку околни згради на само 500 метри од Парламентот откако се отвори огромна дупка во земјата. Засега нема информации за повредени лица, пренесува „Раша Тудеј“.

Огромната дупка се отвори во средата околу 10.30 часот наутро, поради што имаше прекин во електричната енергија и беше извршена евакуација. Луѓето јавуваат дека од дупката се чувствувал мирис на гас, а исто така течело и големо количество вода.

dupka-otava-2

Градоначалникот на Отава Џим Ватсон по итната средба изјави пред медиумите дека засега не се познати причините за создавањето на огромната дупка.

Се надеваме дека ќе го имаме одговорот во следните денови. Само незнаеме колку време ќе ни треба… Ова е голема дупка во јадрото на центарот на градот, вели тој.

Најчитани вести