ВИДЕО: Огромна санта мраз се движи кон Јужен океан

 Научниците го следат движењето на една  од најголемите и најпозната санта мраз, шест пати поголема од Менхетен , која се скршила од антартички глечер и се упатила кон отворено море. Во моментот се движи кон Јужниот океан.

Научничка на американската вселенска агенција НАСА, Кели Брант, кажала дека сантата мраз е со површина од 660 квадратни километри и дебелина од 500 метри. Таа се одвоила од глечерот Пајн Ајланд минатиот ноември. Доволно е голема за што е потребно нејзино  континуирано следење.

Американската државна организација надгледува десетина санти мраз.