Видео: Охрид годинава преполн со туристи

Охрид оваа година е туристичка дестинација во вистинска смисла на зборот.

Градот е преполн од домашни и странски туристи од Холандија, Турција, Полска, Австрија, Кина. Хотелите, апартманите и приватното сместување е исполнето, пренесува Сител.

За добрата туристичка сезона показател се и преполните плажи и кафулиња во кои се бара место повеќе.

Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески за Сител изјавил дека годинава очекуват рекорден број на посетители во споредба со изминатите години.

„Она што ние го очекувавме тоа и се случи. Охрид е преполн со домашни и странски гости и се тече според планот што ние во локалната самоуправа заедно со Секторот за туризам и локален економски развој го предвидовме и онака како што ги правевме сите подготовки за пречек на оваа летна сезона“, објаснува Бакрачески.

Она што ги привлекива туристите се културно историските знаменитости, природната убавина, езерото, пријатната клима како и бројната културна, спортска и забавна програма.