ВИДЕО: Околу 180 терористи чекаат да нападнат цели во Европа

Во Белгија завршила антитерористичката акција започната вчера, изјавил утринава белгискиот министер за надворешни работи Дидие Рејндерс.

„Операцијата на теренот е завршена. Сега ги обработуваме податоците и ќе разгледаме дали полицијата и обвинителството треба да преземат дополнитени чекори“, кажал Рејндерс.

Белгиската полиција убила дваца мажи кои пукале во полицајци во рамки на една од десетте акции спроведени вчера против терористичката група која, според државните обвинители, подготвувала „терористички напади од големи размери“.

Терористичката закана доаѓа од 20-тина терористички ќелии во кои има околу 180 луѓе и тие се спремни да напаѓаат во Франција, Германија, Белгија и Холандија во кој било момент, кажал разузнавачки извор за Си-ен-ен.

Планирале киднапирање и убиство на полицаец

Белгиските власти соопштиле дека терористите подготвувале напади слични на оние што ги изведоа џихадистите минатата недела во Париз, но дека белгиската група не била директно поврзана со француската.

„Истрагата почна неколку недели пред нападите во Париз“, истакнал заменикот на сојузниот државен обвинител Ерик Ван Дер Сијпт. „Сите осомничени имаат белгиско државјанство. Се надеваме дека спречивме втор потенцијален Париз“.

Доцна синоќа белгиските медиуми објавиле дека напаѓачите наводно планирале да киднапираат и да му ја отсечат главата на истакнат белгиски полициски функционер, а видео-снимката да ја објават на Интернет.

Осомничените се вратиле во Белгија од Сирија минатиот месец. Белгиската тајна служба сметала дека за синоќа бил планиран терористички напад врз полициса станица па затоа ја почнале акцијата.
Извор: МКД.мк

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.