ВИДЕО: Олимпискиот факел пристигна во Сочи

Олимпискиот факел пристигна во Сочи, ова беше најдолгиот пат на Олимпискиот огин кој помина пат долг 65000 километри што е најдолга рута во историјата на игрите. Свечен пречек беше организиран на плоштадот во Сочи каде се собраа неколку илјади  луѓе, прв кој го носеше факелот во Сочи беше поранешниот одбојкарски репрезентативец на Советскиот Сојуз и освојувач на златен Oлимписки медал Владимир Кондра.

Освен најскапи, овие се и најобезбедувани игри во историја. За споредба, за време на игрите во Сочи за безбедноста на  спортистите и посетителите ќе се грижат 100.000 полицајци и војници, што е четири пати повеќе отколку олимписките игри во Лондон пред две години.

Уште еден интересен податок за ЗОИ  е тоа што Русите првпат олимпискиот факел го испратија и во вселената, каде што на 9 ноември 2013 година го прифатија двајца космонаути. Факелот не гореше бидејќи такво нешто е невозможно во такви услови, а палењето во вселенската станица било оценето како преризично. Факелот помина 65.000 км на патот до Сочи. Тој помина низ сите 83 региони и републики во Русија, а го носеа 14.000 лица, вклучувајќи го и највозрасниот, 101-годишниот пингпонгар.