Видео: Оние кои немаат, први ќе поделат со другите

Кратка снимка во која бездомник со случаен минувач дели храна го воодушеви светот. На ЈуТјуб е поставена видео-снимка на која е една кратка приказна за вистинската човечка добрина.

На почетокот на снимката, двајца млади му носат пица на еден бездомник. По неколку минути доаѓа трето младо момче кое на бездомникот му пара парче пица, а овој великодушно му дава.

Сем Пепер, авторот на снимката вели дека оние кои имаа малку, даваат секогаш повеќе.

„Живееме од она што ќе го добиеме, но животот го исполнуваме по она што го даруваме“, се наведува во снимката.

Погледнете