ВИДЕО: Орангутан плачел кога го спасиле од кафез

Бади е едногодишен орангутан заплака кога беше спасен од кафез, во кој неговиот сопственик го држел цела година, хранејќи го само со конзервирано млеко.

Ветеринарите го пронашле Бади неухранет, болен и исплашен, а поради пореметување на коските речиси и не можел да се движи.

Неговата состојба од ден на ден е се подобра и сам може да се храни со млеко од шише. Негата на малиот орангутан чини речиси 5.000 фунти годишно, а во моментов се собираат донации за Бади што поскоро да се врати во дивината.