ВИДЕО: Оргија во Рим-пијани Британци голи се капеа во фонтана

Директор на угледна британска фирма која се занимава со екологија и еколошко прифатлива архитектура и уште пет британски државјани се пријавени за блудно однесување во Рим, бидејќи се снимени како голи се капат во една од фонтаните на италијанската престолнина.

Снимката покажува како колегите од оваа фирма вклучувајќи и две жени, голи се капат во фонтана. Сведокот оваа сцена ја опишал како забавна и додал дека изгледала како „ оргија од древен Рим “. Шестмината туристи ќе мора да се појават пред суд, а поради обвинение за блудно однесување на јавно место им се заканува казна затвор до три години.

Туристите пред самиот чин пиеле алкохол, бидејќи ја одбележувале последната ноќ во Рим, па малку се занеле, вклучувајќи го и самиот директор на фирмата. Како што се наведува, кога излегле на улица по проводот, се соблекле голи и скокнале во фонтаната.

-Мажите ги вртеле гениталиите, а жените трчале топлес. Едната од нив била атрактивна, млада и русокоса, опишал сликовито еден сведок на ноќното капење.

-Беа внатре во фонтаната половина час, пееја и викаа. На почетокот никој не ги забележуваше, но подоцна се собраа голем број луѓе кои ги нимаа. Тогаш дојде полицијата и ги уапси, раскажал друг сведок.

Членовите на оваа блудна група добиле казна од 169 евра и биле приведени во полициска станица. Од компанијата не сакале да го коментираат однесувањето на колегите.