ВИДЕО: Осум загинати при лизгање на земјиште во Вашингтон

Осум лица  во лизгањето на земјиштето во американската држава Вашингтон.

Весникот „Сиетл Тајмс“ објави дека спасувачките екипи, во кои работат стотина лица на копно и во воздух, ќе продолжат денеска да трагаат по 18 лица, чија судбина не е позната по лизгањето на земјиштето во саботата.

Геолози го набљудуваат регионот од воздух, за да проценат како да го стабилизираат теренот и да ги заштитат спасувачките екипи.

Во округот Снохомиш во саботата како последица на поројните дождови дел од планина се одрони и падна врз куќи, автопат и реката под неа.

Осумнаесетте исчезнати лица живееле на местото на кое паднал делот од планината.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.