ВИДЕО: Откријте како ќе изгледате за 20 години!

Со помош на револуционерна програма можете да откриете како ќе изгледате за 20 години.

Програмата може да предвиди како понатаму ќе се развива едно дете, посебно неговиот изглед, од најраните години па се до староста.

Група научници од Универзитетот во Вашингтон развиле автоматски софтвер кој го забрзува процесот на стареење без оглед на изразите на лице, аголот на фотографирање или светлото, а може да се инсталира на секој компјутер.

Потребни се само 30 секунди за да дознаете како ќе изгледа детето во иднина, но и вие самите. Оваа програма се заснова на систем кој споредува илјадници фотографии објавени на интернет.